Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели ќе го претстави проектот на новата фудбалска Суперлига.
Како што објави Газета дело спорт, Ањели ќе претстави нов проект за време на Самитот за фудбал.
Првиот проект на Суперлигата од 12 клуба беше претставен лани во април, но пропадна за 48 часа.
По острите критики од фудбалските организации, клубови и навивачи, од проектот се повлекоа прво клубовите од Премиер лигата, а потоа и другите, освен Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.
Весникот наведе дека Ањели и неговиот колега од Реал, Флорентино Перез работат на алтернативен план, кој ќе го претстави првиот човек во црно-бело.
Како што се наведува, тој проект ќе се разликува малку од првичниот, ќе биде сличен на Лигата на нации, со испаѓање и влез на екипи во натпреварувањето.
Весникот наведува дека директно учество во Суперлигата би можеле да добијат 24 клуба, врз основа на резултатите од европските натпреварувања во претходната сезона, со осум клубови кои би се пласирале од нивните лиги.
Не се знае како клубовите ќе добијат учество во Суперлигата од нивните лиги, а тоа најверојатно ќе го објасни Ањели, наведува италијанскиот весник.
Останува да видиме како ќе реагира УЕФА, откако првично се закани дека ќе го исфрли клубовите кои ќе се приклучат на Суперлигата, а потоа се предомисли.