Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата во шпанската елитна Ла Лига, па зимоска за малку не направи трансфер во Барселона, не успеа да влезе меѓу номинираните за голман на сезоната во изборот на „ЕА Спортс“ како партнер на шпанската елита.
Димитриевски со Рајо имаше полусезона за паметење, а иако во вториот дел од сезоната малиот мадридски клуб влезе во голема резултатска криза, македонскиот голман успеа да собере десет меча со чиста мрежа и имаше извонреден просек на одбрани по меч.
Меѓу номинираните, кои Ла Лига денеска ги објави кај голманите, се Тибо Куртоа од првакот Реал Мадрид, Јасин Боно од Севилја, Јан Облак од Атлетико Мадрид, Геронимо Руљи од Вилјареал, како и Дитуро од Селта и Диего Лопез од Еспањол.
Во изборот на најдобрите за номинациите се гласаше преку апликација за фудбалерите и преку гласање на новинарите и стручњаците.