Давид Де Хеа нема да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед кој денес ќе го игра дербито против Тотнехем на домашен терен.
Шпанскиот голман не се чувствува добро, пренесуваат англиските медиуми. На неговото место од првата минута ќе се појави Дин Хендерсон.
Младиот англиски чувар на мрежата не добива голема минутажа покрај искусниот клупски колега. Последен пат го бранеше голот на „црвените ѓаволи“ во поразот од Мидлсброу во ФА Купот.
Дербито на „Олд Трафорд“ е закажано во терминот од 18:30 часот.