Со доаѓањетона Меси, Интер Мајами од губитнички тим стана шампионски сè до утринава, кога за првпат не победи и одигра нерешено.

Интер Мајами одигра без голови против Нешвил во рамки на МЛС-лигата. Со ремито, Интер Мајами остана на претпоследното 14-то место на табелата со 22 освоени бода и има 10 бода помалку од деветтиот Чикаго, кој се наоѓа на позицијата која носи пласман во плејофот.

Но, Интер Мајами има и два натпревари помалку од Чикаго, кој влезе во серија од три порази по ред и доколку тимот од Флорида им се врати на победите, а Меси на головите, тогаш нема да биде изненадување ако обезбеди пласман во плејофот.

Меси досега одигра десет натпревари, но само два се во МЛС-лигата, а дури седум во Лига купот на Северна и Централна Америка, од кои три ги доби по подобро изведување на пенали.

Дебито во МЛС-лигата Меси го имаше пред четири дена, кога беше совладан Њујорк Ред бул со 2:0, а Аргентинецот го постигна вториот гол.