Тренерот на Барселона Роналд Куман имаше непријатност по поразот во Ел Класико (1:2).

Куман имаше проблем да го напушти паркингот пред Ноу Камп, откако одново загуби од најголемиот ривал Реал Мадрид .

Група незадоволни приврзаници на Барселона го опколиле автомобилот во кој бил Холанѓанецот и во таа прилика го навредувале.

Куман додаде гас и избега од толпата, а потоа издаде соопштение со кое го осуди насилството.

Тој веќе извесно време е на удар на тамошната јавност поради слабите резултати, а сега статусот му е уште потежок поради поразот.

Тежок ден пред Куман, кој досега има поддршка од претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

ВИДЕО