Селекторот на репрезентацијата на Мароко, Вахид Халилхоџиќ е пред отказ.
Иако обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, тамошната јавност му замерува што ги исфрли од репрезентацијата, Хаким Зијех и Нусаир Мазрауи.
Француските и мароканските медиуми пишуваат дека поради тоа работата му виси на конец.
Претседателот на Федерацијата ќе се обиде да го реши спортот меѓу селекторот и играчот, а доколку не успее во тоа, тоа може да биде крај за босанскиот стручњак на клупата на оваа африканска репрезентација.
Списокот на наследници е веќе познат. Тоа се Лоран Блан, Клод Пуел и Руди Гарсија.
Да потсетиме, Халилхоџиќ веќе двапати добиваше отказ откако се пласираше на Мундијалот.
Прво од ФС Јапонија, а потоа и од Брегот на Слоновата Коска.