Во Хрватската прва лига по подолг период свој настап забелажа македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски.
Тој оваа сезона ги брани боите на Горица и не добива голема минутажа, но на денешниот натпревар со Шибеник го постигна својот прв гол оваа сезона.
Влезе во игра во 67. минута и во својот прв допир со топката успеа да постигне гол во 68. минута.
Инаку Стојановски ова лето се пресели од францускиот второлигаш Ним во хрватскиот клуб Горица. Пред да замине во Франција беше најдобар стрелец во Ренова со 18 гола во сезоната 2018/2019.
https://twitter.com/AboutHnl/status/1472197754986414082?s=20
Standings provided by SofaScore LiveScore