Американецот Брајс Бенет е изненадувачкиот победник на спустот на Светскиот куп во Вал Гардена .
Ова е прва победа во кариерата на Бенет (29), а на претходните два спуста беше само 26. во Лејк Луиз и 22. во Бивер Крик.
Втор беше Австриецот Отмар Стридингер (+0,14), а трет Швајцарецот Нилс Хинтерман (+0,32).
Големиот фаворит за победа и победник на три трки во брзите дисциплини оваа сезона, Норвежанецот Александар Аамод Килде промаши враата на долниот дел на патеката Саслонг.