Јапонскиот натпреварувач во ски скокови Риоју Кобајаши ги освои квалификациите во Инсбрук, третото натпреварување како дел од новогодишната турнеја четири скокалници.
Кобајаши, кој оствари победи во Оберстдорф и Гармиш-Партенкирхен, во квалификациите прескокна 126,5 метри, со 132,7 поени.
Втор во квалификациите беше домашниот натпреварувач Јан Херл (129 метри, 131,3 поени), додека трет беше Швајцарецот Килијан Пајер, со скок од 127,5 метри и вкупно 127,8 поени.
Пласман во главната конкуренција закажана за вторник обезбедија 50 скокачи.
Во пласманот на новогодишната турнеја води Кобајаши со 593,2 бодови, втор е Норвежанецот Мариус Линдвик со 580 бодови, а трет е словенечкиот натпреварувач Ловро Кос со 575,5 бодови.
Натпреварот во Инсбрук е закажан за вторник во 13 часот и 30 минути.