Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Хрвоје Хорват е принуден да го промени ростерот на националниот тим. Лука Шебетиќ заработи повреда која ќе го спречи да патува на Европското првенство во Унгарија.
Хрватскиот ракометен сојуз извести дека Шебетиќ заработил повреда, по што селекторот бил принуден да направи промена.
„По повредата што ја заработи на тренинг, магнетната резонанца покажа делумна руптура на аддукторот на левата нога на Лука Шебетиќ. Закрепнувањето се очекува за четири до шест недели. Шиме Ивиќ се приклучува на тимот“, стои во соопштението.
Шебетиќ го одработи претходниот дел од подготовките со репрезентацијата, играше и на дуелот против Словенија како стартер на десната бековска позиција и се очекуваше да го менува Иван Мартиновиќ на ЕП.
Неговата улога ја презема Шиме Ивиќ, кој како и другите „Германци“ работеше во клубот до пред една недела и сега се приклучува на репрезентацијата.