Најдобриот македонски ракометар, во моментов капитен и селектор на репрезентацијата, Кире Лазаров ја доби највисоката тренерска лиценца во ракометот, која ја доделува ЕХФ. Со ова, Лазаров без проблеми може да ја предводи селекцијата на Македонија од клупата, а секако по повлекувањето од активното играње ракомет, кое се очекува за една година, целосно да се посвети на селекторската позиција.
Токму оваа диплома или лиценца беше пречка тој да биде и административно, на хартија, селектор на официјалните мечеви.
Најдобриот наш ракометар од почетокот на годинава влезе во тренерските води како селектор на националниот тим, кога дебитираше со победа против светскиот првак Данска во евроквалификациите.