Црногорците поради ова решија да направат уште едно тестирање, од кое резултатите ќе бидат познати вечерва по што ќе се знае кои ракометари ќе може да настапат на утрешната пресметка против Данска. Проблемот на оваа селекција е огромен, ако се знае дека во Дебрецен дојдоа без селекторот Зоран Рогановиќ и без ракометарите Милош Божовиќ, Миле Мијушковиќ, Стефан Чавор и Небојша Симовиќ, кои сигурно ќе ги пропуштат првите два дуели.
Тимот кој е еден од директните конкуренти на македонската репрезентација во борбата за втората позиција на табелата, која заедно Данска, која е огромен фаворит за првото место, единствена ќе води во следната фаза, се жали и на третманот од страна на организаторот. Црна Гора единствена не е во хотелот во близина на салата во која се останатите три селекции од групата, туку е сместена во објект кој е половина час оддалечен од Дебрецен. Речено им е дека тоа е поради фактот што имале позитивни на коронавирусот пред тргнувањето во Унгарија, но и покрај тоа, Цнрогорците бараат да бидат сместени поблиску до салата, макар и во друг хотел, а не во тој во кој е и Македонија.