Дуелот меѓу Нант и Иври, во третото коло од француската најсилна ракометна лига, донесе победа за домаќинот, со 33-28, но и еден скоро невиден и тешко повторлив ефект на еден голман.
Хрватот Иван Пешиќ блескаше на голот на Нант со 19 одбрани. Тоа навистина е голем потфат, но не и недостижен. Она што не се гледа на ракометните терени е голманот да биде втор стрелец на една екипа. Токму таков беше Пешиќ, постигнувајќи дури четири гола.
Играта „7 на 6“ на Иври донесе доста можности за погодоци на празна мрежа, а хрватскиот репрезентативец покажа дека има снајпер во раката. Поефикасен од него беше само Одриосола со шест погодоци.
https://twitter.com/MadeinHand/status/1574791824157409283?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1574791824157409283%7Ctwgr%5E1fc4860fdf8fbcd31d4def15e1773df2053d0177%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Frakomet%2Fsvet%2Fnaludnichav-mech-vo-francija-golmanot-zapisha-19-odbrani-i-chetiri-gola-video