Романскиот клуб му платил обештетување од 50.000 евра на Вардар за трансферот на десниот бек, објавува романската телевизија „Дигиспорт“. Се очекува Гурбиндо да биде и во составот на тимот за натпреварот со ПСЖ, што се игра во четврток во Париз.
Шпанскиот репрезентативец за медиумите во својата земја изјави дека бил незадоволен од Вардар, бидејќи тоа не бил проектот за кој што му ветувале пред да дојде. Тој не навлезе во детали за што точно се работи и дали причините за неговото заминување е од финансиска природа.