Екипата на ракометарите на Кил го освои третото место во Лигата на шампионите, откако во дуелот за бронзениот медал триумфираше над актуелниот европски првак, Магдебург, со 32-28.
Кил имаше водство во најголем дел од мечот и сосема заслужено дојде до победата, иако Магдебург успеа во завршните моменти да внесе мала неизвесност. Сепак, актуелниот шампион мораше да се задоволи со четвртата позиција во елитниот ранг на ЕХФ.
Магдебург имаше голема негатива на паузата (14-23), но во завршните минути успеа да се врати на само два гола негатива. Кил умешно го сочува водството, не дозволи целосен „кам-бек“ на ривалот и на крајот сосема заслужено славеше со 32-38.
Најефикасни во редовите на Кил беа Швеѓаните Јохансон и Екберг (седум и шест голови), додека кај Магдебург прво име беше Германецот Лукас Мертенс со седум погодоци. Вреди да се истакне и одличниот настап на голманот Томас Мрква, кој оствари петнаесет успешни интервенции.