Барселона го надигра Алборг и го освои 12-тиот пехар во ЛШ. Екипата на Барселона не дозволи изненадување и оствари тешка победа над Алборг (31-30) во финалето на Лигата на шампионите во најквалитетното натпреварување во ракомет. Овој пораз на данскиот првак значи и пензија за Микел Хансен без круна во елитата.

Каталонскиот гигант имаше предност речиси во текот на целото прво полувреме, освен во финишот кога Алборг направи пресврт и поведе со 15-14, меѓутоа Барселона го возврати ударот и израмни на 15-15.

Барселона водеше и во вториот дел, иако Алборг неколку пати успеа да израмни, меѓутоа немаше сила за пресврт, па трофејот повторно заврши во Каталонија (31-30).

 

 

Најдобар стрелец во финалето беше Ричардсон со девет гола, Мем постигна седум, а Нгесан реализира шест пати, додека кај Алборг, Хансен даде осум, а Арнлодсен имаше шест гола.

Мечот беше историски и за македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои судеа финале на Лигата на шампионите и така ги обединија сите финалиња во големите натпреварувања. Им фалеше уште ова, за да обединат финале на Лига на шампиони, Светско првенство, Европско првенство и Олимписки игри.