Има индиции дека е наместен натпревар од ракометната Лига на шампиони.
Спорниот натпревар се одигра во текот на тековната сезона, односно есента 2021 година.
Иако не е прецизирано за кој натпревар станува збор, има индиции за тоа што привлече внимание.
Тоа се драстични промени во квотите. Шансите за победа на домашните драстично паднаа за само дваесетина минути, иако немаше информации дека гостите ќе го изведат резервниот тим или дека имаат проблеми со повреди.
Исто така, во последните моменти пред натпреварот беше поместена границата за хендикеп, па таа од 2,5 гола скокна на 5,5. Тоа значи дека тимот А мораше да победи со шест гола разлика за нивниот триумф да биде „чист“ кај кладилниците.
До полувремето гостите успеаја да му парираат на фаворитот, но во вториот дел домашните направија шест гола предност.
Според обложувачките извори на овој специјализиран сајт „Handbollskanalen“, во вториот дел од натпреварот биле забележани дури 19 сомнителни ситуации, а гостите оделе од грешка во грешка и не личеле на екипа која може да извлече позитивен резултат против фаворитот.
Сомнителните детали во овој случај вклучуваат неточни додавања во фазата на напад, лошо трчање во одбрана на одредени играчи, па дури и тајм-аут што гостинскиот тим го побара при стигнувањето на предност на противникот.