Шебетиќ заедно со неколку соиграчи веднаш се спакувале по најавите дека Запорожје ќе биде мета на напади. Нивниот авион наместо во овој град слетал во Киев, од таму со автобус стигнале до посакуваната дестинација.
Вели дека во Украина никој не мисли на ракомет, сите гледаат да спасат глава.
„Овде никој не мисли на ракомет. Спасуваме жива глава. Освен тоа украинските ракометари имаат забрана да ја напуштаат земјата. Не верувам дека клубот ќе игра до некое подобро време“, изјави хрватскиот ракометар.
Тој заедно со Малашинскас, Бокан и Молина веднаш заминале.
„По враќањето од Киелце некаде над Запорожје, пред да слетаме се затвори аеродромот, немаше друга опција освен да слетаме во Киев. Таму само што стигнавме пет минути подоцна Путин и објави војна на Украина. Почна евакуација и буквално бевме на улица. Клубот бараше автобус, но Киев беше блокиран, Запорожје исто така. Дома стигнавме дури следната вечер, веднаш се спакувавме, бидејќи најавија ракетирање и на Запорожје“