Српскиот голгетер Душан Влаховиќ повторно е херој на поранешниот италијански шампион Јувентус, кој едвај славеше со 3-2 против Емполи во 27. коло од Серија А.
Емполи се покажа како цврст противник и храбро се бореше против „Старата дама“, која до водство стигна во 22. минута преку Кин, но домаќинот преку Зурковски израмни на 1-1.
Влаховиќ стапи на сцена во 47. минута кога ја затресе мрежата на ривалот за 2-1, а потоа погоди и за 3-1, а Емполи до крајот успеа само да го намали поразот на 2-3 преку Ла Мантиа.
Јувентус со новата победа ја зголеми предноста пред Аталанта и сега има 50 бодови на четвртата позиција, односно седум помалку од лидерот Милан.