Пари Сен Жермен има сезона која сака да ја заборави, откако доживеа елиминација од Реал Мадрид на стартот од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тоа предизвика огромно незадоволство во Париз, а денеска пристигна информација дека ПСЖ нема да застане на патот на заминувањето на најголемите ѕвезди Лео Меси и Нејмар, но под еден услов. Понудите за нив треба да бидат финансиски задоволителни за клубот од Париз.
ПСЖ сезонава потполно разочара, испадна во осминафиналето од Лигата на шампионите, иако имаше два гола предност на половина час пред крајот и сето тоа успеа да го прокоцка со три примени гола.
Титулата во Лига 1 не е доволна за супербогатите сопственици, па Маурисио Покетино мора да ги пакува куферите, а познато е дека сигурно си заминуваат и Килијан Мбапе, Анхел Ди Марија, многу веројатно и Икарди и Дракслер.
Деновиве пристигнува уште една сензационална вест дека ПСЖ ќе ги разгледа понудите и за Меси и за Нејмар, а доколку бидат задоволителни, нивната продажба не е невозможна. Бројките не се споменуваат, но доволна е потенцијалната намера на ПСЖ да ги продаде, иако оваа информација сепак треба да се земе и со голема резерва.