Осуммина македонски репрезентативци кои се дел од А-тимот имаат пресметка со Португалија како дел од Европското првенство за фудбалери до 21 година. Во 2017 година, на натпреварот во Гдиња, Македонија загуби со 2-4 од Португалија. На тој меч прекрасен гол постигна Енис Барди. Тој знае како се тресе мрежата на Португалците.
Тогаш предводник на младиот национален тим до 21 година беше сегашниот селектор на А-тимот, Благоја Милевски, а играа Енис Барди, Елиф Елмас, Давид Бабунски, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Висар Муслиу. На клупата за резервни фудбалери беа и Дарко Велковски и Тихомир Костадинов.
Покрај Барди, стрелец за Македонија беше и Кире Маркоски, на асистенција на Елиф Елмас.