Олмо повторно беше стрелец за Барса, погоди и против Жирона и веќе дојде до три голови во три натпревари за каталонскиот клуб. Но овој меч не беше најидеален за него бидејќи заработи повреда. Се работи за повреда на десното колено со кое и претходно имаше проблем. Во прв момент се мислеше дека не е нешто страшно, но последните прегледи се дека проблемот е далеку поголем.
„Тестовите направени утрово покажаа дека Олмо има повреда на десната тетива. Се очекува да биде надвор од теренот 4 до 5 недели“, стои во соопштението на Барселона.
Тоа значи дека сигурно ќе го пропушти мечот против Монако од Лигата на шампионите, а нема да биде во комбинација и за дуелот против Виљареал од Ла Лига следниот викенд, по што ќе се знаат повеќе детали за неговото отсуство.