Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, уште еднаш покажа дека е расен голгетер и во фантастична форма, откако вечерва го постигна победоносниот гол за Абердин на гости кај Хиберниан (1-0), за пласман во финалето од Лига Купот во Шкотска.
Напаѓачот голот за огромна радост на навивачите го реализира во 78. минута, кога неговиот тим имаше играч помалку. Миовски истрча како Јусеин Болт во еден контранапад на својот тим, излезе сам пред противничкиот голман и мајсторски со лева нога ја смести топката во неговата мрежа.
Противник на Абердин во битката за првиот трофеј сезонава ќе биде подобриот од пресметката помеѓу Хартс и Глазгов Ренџерс, закажана за утре.