Мемфис Депај, беше херојот во победата на Атлетико Мадрид во вчерашниот натпревар против Гранада (2-1) во последната средба од воведното коло од Ла Лига.
https://twitter.com/kyleDdr/status/1691194856872275968?s=20 https://twitter.com/DarlingKada1/status/1691190954290446336?s=20Холанѓанецот влезе во игра по скоро еден час игра и десетина минути подоцна покажа дека е расен голгетер и со вистинска бомба од триесетина метри ја скина пајажината од мрежата на противничкиот голман. Депај го замени Алваро Мората, кој го отвори резултатот на овој дуел во четвртата минута од судиското продолжение од првото полувреме.Во меѓувреме, Саму во 62. минута го изедначи резултатот, но радоста на гостите траеше само пет минути по што следуваше блескавиот потег на Холанѓанецот, а Маркус Љоренте во буквално последните секунди го постигна третиот гол за мадриѓаните.