Бојан Миовски игра во животна форма во Шкотска. Тој на секој натпревар за Абердин ја тресе противничката мрежа. Денеска е посебно расположен и постигна два гола веќе во првото полувреме на куп-натпреварот против нисколигашот Бонириг Роуз.
Миовски беше стрелец во 17. минута за водство, а потоа уште еднаш ја затресе мрежата на ривалот во 25.минута. па така го продолжи своето голгетерско шоу во шкотските натпреварувања.
Абердин со едната нога веќе е меѓу осумте најдобри во Купот.
Интересно е тоа што Миовски е стрелец на последните шест и седум од последните осум гола на Абердин во сите натпреварувања. Погоди против Клајд во претходната фаза од Купот, а продолжи со Сент Џонстон (1-1), Данди (1-1), Селтик (1-1) и Ренџерс (1-2). Со денешните два, тој е веќе на бројката од 22 гола сезонава во дресот на Абердин.