Фудбалската женска репрезентација на Германија го освои бронзениот медал на женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Париз. Таа славеше над Шпанија со минимални 1-0 (0-0) и го освои третото место.
Стрелец на единствениот гол беше Џулија Гвин, која реализира удар од белата точка во 64. минута, доволен за победа и големо славје за нејзиниот тим. Шпанките до крајот на натпреварот ја презедоа иницијативата и се изборија за пенал дури во 97. минута. Но, феноменалниот голман на германките Ан Катрин Бергер успеа да го скроти ударот на Алесиа Путељас.
Германија прикажа солидна игра на олимпискиот турнир и беше само двапати поразена од ист ривал, селекцијата на Соединетите Американски Држави. „Панцерите“ на крајот сосема заслужено го освоија бронзениот медал.
Во утрешното финале, за златниот медал ќе играат селекциите на Бразил и САД.