Фудбалската репрезентација на Шпанија ја потврди својата супериорност по освојувањето на Европското првенство со победа и на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Во драматичното финале, Шпанците триумфираа против домашната селекција на Франција со 5-3 после продолженија.
Серхио Камељо го постигна победничкиот гол за Шпанија во 100. минута од финалето, а потоа постигна и уште еден во последните мигови од дуелот.
Camello se viste de héroe parcial!
— Gol al 90⚽️ (@golal90fc) August 9, 2024
Francia 🇫🇷 3-4 España 🇪🇸 #JuegosOlimpicosdeParis2024 pic.twitter.com/UYKIjDzDkO
5-3 Spain.
— Football Report (@FootballReprt) August 9, 2024
CAMELLO SCORES !!!!! IT’S FIVE AND IT’S GAME OVER FOR THE FRENCH !!!!!!! SPAIN ARE WINNING THE OLYMPICS FINAL !!!!!!!!https://t.co/jKOqwgkZrF
Натпреварот за златото беше исклучително возбудлив. Французите го отворија резултатот со голот на Енцо Милот во 11. минута, но Шпанија одговори силно, направи блиц-криг постигнувајќи три гола и тоа за десет минути до крајот на првото полувреме.
Фермин Лопез постигна два гола, во 18. и 25. минута, носејќи пресврт за Шпанија, а Алекс Баена во 28. минута го зголеми водството на 1-3.
И покрај тоа, Франција не се откажа. Во второто полувреме, Мањес Аклиуше во 79. минута ја врати надежта, а Жан-Филип Матета израмни од пенал во 93. минута.
Финалето влезе во продолженија, каде Шпанија успеа да оствари голема победа.