Роке влезе во игра во 59. минута, по што постигна гол само четири минути подоцна, но потоа следеа два жолти картони, од кои вториот беше контроверзен и предизвика бура од реакции на навивачите на каталонскиот гигант.
Во претходното коло херојот на Барса беше зимското токму засилувањето Витор Роке, кој го постигна деби-голот за победа, а младиот бразилски ас беше во центарот на вниманието и на овој натпревар. Откако влезе во игра, прво во 63. минута донесе 1-3 за својот тим, а потоа направи две грешки и доби два жолти картони за само пет минути и предвреме го заврши натпреварот. Сепак, иако Барса од 72. минута играше со играч помалку, успеа да ја сочува предноста и заслужено освои нови три бода.
https://twitter.com/i/status/1753857067214143825 https://twitter.com/i/status/1753857090597396971