Барселона ја оствари 15. победа во Ла Лига оваа сезона откако тимот на Чави Хернандез славеше на гости против Алавес со 1-3.

Новиот напаѓач Витор Роке постигна гол, но доби и црвен картон, а веројатно многу поважно за каталонскиот тим е што се разбуди и Роберт Левандовски.

https://twitter.com/i/status/1753857067214143825

Полјакот во 22.минута донесе водство за Барселона на асистенција на Гундоган. Илкај Гундоган на почетокот на вториот дел постигна извонреден гол на асистенција на Педри и зголеми на 0-2 во 50 минута. Самуел Омородион ја врати неизвесноста една минута подоцнасо голот во 51.минута, но потоа младиот Витор Роке ги разреши дилемите со третиот погодок за Барса во 63.минута.

Талентираниот Витор Роке имаше краток настап против Алавес бидејќи доби црвен картон по само 13 минути откако влезе во игра.

https://twitter.com/i/status/1753857090597396971

Роке влезе во игра во 59. минута, по што постигна гол само четири минути подоцна, но потоа следеа два жолти картони, од кои вториот беше контроверзен и предизвика бура од реакции на навивачите на каталонскиот гигант.