Герет Бејл одлучи да ја заврши својата фудбалска кариера, а одлуката ја соопшти преку неговиот профил на Фејсбук, каде што порача дека се повлекува и од клубот и од репрезентацијата.
Бејл кажа дека внимателно размислил за неговата иднина, по што решил дека најдбро за него ќе биде да се повлече од фудбалот.
„Се чувствувам среќно затоа што си го остварив сонот да го играм спортот кој го сакам. Од првиот допир во Саутемптон до мојот последен во Лос Анџелес и сè што се случи во останатиот период, горд сум на кариерата која ја имав. До сите мои претходни клубови, менаџери, тренери, соиграчи и навивачи, влијанието кое го имавте не може да се измери“, напиша Бејл меѓу другото.