Јувентус и Наполи одиграа 1:1 (0:1), во последниот натпревар од 20. коло на италијанската Серија А.
Наполи успеа да дојде до бод на гостувањето во Торино, по поразот во последното коло од Специја на домашен терен. Јувентус ремизираше по две врзани победи.
Меккени уште во петтата минута можеше да му донесе предност на Јувентус, но шутираше со глава веднаш покрај левата статива.
Наполи ја затресе мрежата од првата вистинска шанса, бидејќи Дријс Мертенс погоди во 23. минута.
https://www.dailymotion.com/video/x86wyjhГостите во два наврати можеа да ја удвојат предноста – прво на Зиелински му беше одбранет добар удар од страна на Шчесни, а во последните моменти од првото полувреме Мертенс од слободен удар шутираше над голот.
Израмнувањето го донесе најрасположениот играч на Јувентус, Федерико Киеза, кој ја затресе мрежата во 54. минута.
https://www.dailymotion.com/video/x86wzx1Десет минути подоцна уште еднаш се истакна Шчесни, кој го одбрани ударот на Мертенс.
До крајот на натпреварот резултатот не се менуваше. Елиф Елмас влезе во игра во 76 минута од натпреварот на местото на Политано .