Фудбалерите на Јувентус и Наполи (1-1) ремизираа во вечерашното големо дерби од 20. коло од Серија А, што е прв нерешен дуел во меѓусебните првенствени пресметки по речиси пет години.

Последен пат бодовите беа поделени во април 2017 година, по што следуваат десет меча во која скорот е 6-4 во победи во корист на тимот од Торино. Двата тима вечерва имаа по едно полувреме, со оглед што гостите први поведоа преку Мертенс во 23. минута, додека Киеза изедначи во 54. минута. Нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 75. минута, но не успеа да го смени ритамот на средбата во половината час на теренот, вклучувајќи го и судиското надополнување.

 

Наполи со овој бод остана третопласиран, со 40 бодови, пет помалку од Милан, а само два повеќе од Аталанта, која има натпревар помалку.