Севилја ја прекина лошата серија во шпанската Примера и оствари тешка победа од 2-1 против Алмерија на домашен терен. Тимот од Андалузија со пресврт стигна до трите бода откако гостите поведоа уште во третата минута со голот на Акиеме.
Лукас Окампос изедначи од пенал во 45.минута, а победата за Севилја ја донесе Ерик Ламела со погодокот во 73.минута од дуелот.