Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа во првиот натпревар од 28. коло на Ла Лига против Кадиз со 2:1 (1:1).
Така избраниците на тренерот Диего Симеоне направија скок на третото место и ова им беше 15-та сезонска победа, додека Кадиз, кој се наоѓа во опасната зона, го забележа 12-от неуспех.
Атлетико сега може мирно да се подготвува за гостувањето кај Манчестер Јунајтед, во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
На Вандо Метрополитано мрежата на гости од југот на Шпанија се стресе многу рано, веќе во третата минута.
Голманот Ледесма направи катастрофална грешка, практично ја додаде топката во нозете на Жоао Феликс, кој не можеше да не искористи таков подарок.
Гостите имаа шанса за израмнување во 17. и 33. минута, но не ја искористија.
Во 40. минута Атлетико за малку ќе останеше со десет фудбалери. Реиналдо доби црвен картон поради прекршок, но откако судијата го погледна видеото на ВАР, беше сменет во жолт.
Сепак, во последната минута од првиот дел, по одлично нафрлување, Алваро Негредо високо скокна и ја затресе мрежата на мадридскиот тим.
Се беше решено во 68. минута, по ударот на Анхел Кореа, на вистинското место се најде Родриго де Пол, кој реагираше на одбиената топка и постигна гол за 2:1.
Кадиз имаше шанса во 75. минута преку Луис Ернандез, но Хименез ја исфрли топката од гол линијата.
Атлетико сепак имаше играч помалку од 88-та, бидејќи Хавиер Серано заработи директен црвен картон.
https://www.youtube.com/watch?v=2crni7f9aZU
Ла Лига, 28 коло:
петок:
Атлетико (М) – Кадиз 2: 1 (1: 1)
Феликс 3, Де Пол 68 – Негредо 45
Сабота:
14.00 Леванте – Еспањол
16.15 Гранада – Елче
18.30 Виљареал – Селта
21:00 Хетафе – Валенсија
недела:
14.00 Рајо Ваљекано – Севиља
16.15 Бетис – Атлетик (Б)
18.30 Содиедад – Алавес
21:00 Барселона – Осасуна
Понеделник:
21.00 Мајорка – Реал (М)