Португалија беше елиминирана од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство со поразот од 1-0. Тоа беше последниот натпревар на Кристијано Роналдо (37) на светските првенства, кој го заврши во солзи.
Роналдо влезе во игра во 51. минута кога резултатот беше 1-0 за Мароко, но не успеа да го врати својот тим во игра.
Легендарниот Луиш Фиго повторно го критикуваше неговото изоставување од првиот тим.
„Не можете да го освоите Светското првенство со Кристијано Роналдо на клупата. Победа против Швајцарија? Одлично! Но, дали можете да го правите тоа на секој натпревар? Не. Оставањето на Роналдо на клупата беше грешка. Селекторот и неговиот стручен штаб се одговорни за овој пораз“, изјави Фиго, кој со овие зборови директно го нападна португалскиот селектор Фернандо Сантош.
Роналдо за првпат заврши на клупата за резерви во осминафиналето во победата на Португалија над Швајцарија од 6-1. Тогаш Гонсало Рамош, неговата замена, постигна три гола. Роналдо на тој меч настапи од 74. минута. Сантош го остави Роналдо на клупата и против Мароко, а Португалија испадна во четвртфиналето.