Актуелниот освојувач на Лига Европа, екипата на Севилја на домашен терен загуби и од Атлетик Билбао со 0-2, а тоа беше нивни деветти пораз сезонава во шпанската Ла Лига.
Фудбалерите на Атлетик Билбао беше подобар ривал на теренот создаде повеќе шанси, а искористи две од нив. Најпрво во првото полувреме Варгас ја затресе мрежата за водство од 1-0, а потоа Паредес ја потврди победата на гостинскиот тим во 76. минута.
Екипата на Севиља е рекордер по бројот на титулите во Лигата на Европа. По ланската титула тимот од Андалузија повеќе не е ист, испадна во групите на ЛШ, а и во лигата не му оди баш најдобро и се наоѓа во тешка криза.
Севилја по 19 одиграни кола се наоѓа на 16. место со 16 освоени бодови, додека Атлетик Билбао има 38 бода на третата позиција.