Екипата на Јувентус ја декласира Салернитана со 6-1 во осминафиналето на Купот на Италија и се пласира во следната рунда од ова натпреварување. Тимот на Масимилијано Алегри доминираше на овој натпревар.
Салертнитана изненадувачки дојде до предност уште во првата минута со голот на Иквуемеси, но Мирети и Камбијасо направија пресврт до полувремето.
Во вториот дел, Ругани, Јилдиз и Веа, помогнати и со автоголот на Брон, донесоа убедлив триумф за Јувентус од 6-1.
Јувентус во четвртфиналето од Купот на Италија ќе игра со Фросиноне. Во останатите дуели имаме римско дерби меѓу Рома и Лацио, дерби на Аталанта и Милан, како и меч на Болоња и Фиорентина.