Пјер Емерик Обамејанг дојде во Барселона од Арсенал во јануари. Во вториот дел од сезоната за каталонскиот клуб постигна 11 гола, од кои два паднаа во синоќешната победа од 3:1 над Селта Виго. Габонскиот напаѓач на тој начин се покажа како профитабилна инвестиција на каталонскиот клуб.

Покрај тоа што придонесе тимот на тренерот Чави горе-долу мирно да ја доведе сезоната до крајот и да обезбеди пласман Лигата на шампионите, 32-годишниот Обамејанг се приближи и до рекордот кој го држи српскиот напаѓач Никола Жигиќ. Имено, Србинот дојде во шпански Расинг кон средината на сезоната 2009 и постигна 13 гола до крајот на вториот дел од шпанското првенство, што е рекорд до денес во однос на зимските трансфери.

https://twitter.com/2010MisterChip/status/1524121803479691264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1524121803479691264%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fsrbin-13-godina-drzi-rekord-u-spanjolskoj-aubameyang-ga-moze-prestici%2F2363553.aspx