Мароканецот Буфал го исмеа Маркос Љоренте со еден дриблинг по кој цел свет падна од смеење, а урнебесниот потег конкурира за – дриблинг на Мундијалот.

Топката стоеше, а околу неа Буфал го натера Љоренте да изгледа како мало дете, направи потез за паметење и ги  собра овациите на стадионот, ама и симпатиите на целата неутрална публика.