Мароко испиша историја и за првпат ќе игра четвртфинале на Светското првенство, па Мароканците низ цел свет ги окупираа плоштадите за да го прослават големиот успех на репрезентацијата која со 3-0 на пенали вчера ја елиминира фаворизираната Шпанија.
Амстердам, Барселона, Брисел, Милано, Торино… се само дел од градовите низ Европа каде синоќа беше лудница и ечеше од марокански песни и радост после историскиот успех. Но, врв на сѐ беше во татковината, каде дури и кралот Мохамед четврти излезе на улица за да го прослави големиот успех.
За Мароко ова беше шести настап на Мундијалите, а досега најголем успех им беше осминафиналето на СП во Мексико во 1986 година.