Лајпциг почна да ја полни мрежата на Херта од 25. минута кога најпрво Форсберг погоди за 1-0, а пет минути подоцна Диало зголеми на 2-0, додека мизеријата на гостите ја потврди Орбан со погодок во 45. минута (3-0).
И кога сите помислија дека тоа ќе биде крајот на Херта, сепак гостите не се предадоа и во период од две минути од 62 до 64. минута погодија двапати, и тоа преку Лукебакио од пенал и Јоветиќ од игра, па така го оставија Лајпциг да се тресе до крајот за триумф.
Лајпциг со новата победа има 15 бодови и се наоѓа на деветтата позиција, додека Херта е на 15. место со осум бода.