Фудбалерот за врска на Барселона, Френки де Јонг, е најблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед. Тој пристигна на „Камп Ноу“ пред три години за 86 милиони евра, а сега каталонскиот клуб мора да го продаде поради финансиската ситуација.
Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 70 милиони евра за Холанѓанецот кој е голема желба на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Сепак, и Пеп Гвардиола го посакува Френки де Јонг во Манчестер Сити. Тој би сакал да го има играчот за врска на „Итихад“ како второ големо засилување по Ерлинг Халанд.