Јувентус и Рома ремизираа 1-1 во дербито на 3.коло во Серија А.

Домашниот тим фантастично го отвори натпреварот и уште во 2.минута поведе со 1-0 благодарение на фантастичниот гол на Душан Влаховиќ од слободен удар.

 

„Римската волчица“ се избори за реми благодарение на Тами Абрахам во 69.минута од натпреварот по асистенција на Пауло Дибала.

На вториот денешен натпревар, Торино како гостин славеше кај Кремонезе со 2-1.