Репрезентацијата на Македонија приреди нов подвиг, па по пласманот на Европското првенство ќе игра и во баражот за Мундијалот против Португалија. На гостувањето кај Италија на „Ренцо Барбера“, избраниците на Милевски се одбранија гранитно и во завршницата ги казнија домашните промашувања преку Александар Трајковски.
На овој натпревар Македонија не можеше да смета на Елмас, кој и покрај суспензијата сепак беше со тимот и го прослави успехот. По натпреварот, на патот кон автобусот Елмас заедно со Барди, Алиоски, Чурлинов и Николов отпеа балкански хит и следеше лудо славје.