Колку голем подвиг оствари македонската фудбалска репрезентација покажуваат бројките. Под водство наРоберто Манчини има само два порази во последните три години и носител е на светскиот и гинисовиот рекорд од 38 официјални натпревари без пораз.
Само Шпанија во октомври во Лигата на нации и Македонија вечерва во Палермо ги совладаа Италијанците, кои во меѓувреме станаа европски прваци и ги освоија срцата на фудбалските фанови ширум светот.
Македонија надоврза уште една историска победа, по онаа пред една година во Дуизбург против Германија. Пред овие два подвига, нашиот национален тим имаше серија на нерешени резултати против Англија и Холандија, но никогаш ни приближно ваков подвиг.
Македонската репрезентација ќе доживее голем скок на ранкинг листата на ФИФА и ќе се обиде во вторник во Порто да им го зацрни животот на уште едно европски прваци, Португалците на Фернандо Сантош и Кристијано Роналдо.