Тимот на Алавес  го изненади Атлетико Мадрид во првиот натпревар од седмото коло во Шпанската Ла лига .

Домаќинот поведе уште во 4 минута преку Виктор Лагуардиа со глава после одлично изведениот корнер од Дуарте . Во продолжение и покрај далеку поголемиот посед тимот на Атлетико не успеа да го израмни резултатот . Алавес одлично се бранеше и преку контранапади на неколку пати успеа да создаде одлични шанси пред голот на Облак . Со овој пораз Атлетико останува на 14 бодови , два помалку од водечкиот Реал Мадрид кој има и натпревар помалку вечерва од 21:00 против Виљареал , а Алавес ги освои првите три бода сезонава и избега од дното на табелата

ВИДЕО