Лука Модрич вчера против Атлетико Мадрид го одигра еден од своите најдобри натпревари оваа сезона. Реал славеше со 2:0 и направи голем чекор кон освојување на нова титула во Ла Лига.
Во текот на средбата секој потег на Модриќ беше дочекан со аплауз, а откако заврши средбата не престануваат да пристигнуваат пофалби од сите страни. Најконкретна во пофалбите беше Марка од Мадрид, а пофални зборови за својот соиграч имаше и младиот Винисиус Жуниор.
“Велат дека Модриќ има 36 години. Ми се чини дека има само 22 години. Се што прави изгледа лесно, а на терен прави неверојатни работи и е еден од најдобрите кои ја играат оваа игра. Секогаш ме советува, тој е одлична личност на теренот и надвор од него. „Кога играм со него, Каземиро и Крос, играм со тројцата најдобри во светот“, изјави Винисиус за Мовистар.