Англиските премиерлигаши Ливерпул и Манчестер Сити обезбедија предност во првите четвртфинални дуели во Лигата на шампионите. „Црвените“ славеа со 1-3 на гости против Бенфика во Лисабон и се многу блиску до пласман меѓу четирите најдобри екипи во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Ибрахима Конате во 17.минута и Садио Мане во 34.минута обезбедија одлична предност за Ливерпул по првиот дел. Дарвин Нуњез намали на почетокот на второто полувреме, но Луис Дијаз во 87.минута постигна и трет погодок за Ливерпул.