Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ имаше блескав викенд и два постигнати гола го водеше својот Гезтепе до победа во Суперлигата и заслужено доби ново признание.
Гезтепе славеше над Газиантеп со 2-1, а двата гола во победата ги постигна токму Македонскиот репрезентативец. Затоа доби признание и место во тимот на колото во Турција.
Гезтепе се наоѓа при дното на табелата во турската Суперлига, на 17 место со 14 освоени бода .