„Аѕурите“ се на делба на втората позиција во групата Ц заедно со Украина бидејќи имаат по 10 бодови, а пред нив е Англија со 13, додека четврта е Македонија со 7 бода.
Србија не успеа да избегне пораз на гостувањето кај Унгарија. Домаќините постигнаа гол за водство преку Варга во 20. минута, а потоа следеше погодок на Павловиќ. Сепак, радоста на Србите кратко траеше затоа што 60 секунди подоцна Салаи погоди за 2-1 на својата репрезентација.
„Орлите“ останаа на второто место по овој пораз со 10 бодови, додека Унгарија се издвои на врвот со три бода повеќе. Трета е Црна Гора со осум, па следи Литванија со пет и Бугарија со два поени.
Данска го совлада Казахстан со 3-1 и го следи чекорот на Словенија во групата Х, односно двете селекции имаат по 16 бода по седум одиграни кола. Стрелци на головите за победничкиот тим беа Винд и Сков два погодоци, додека за гостите погоди Вороговски во 58. минута.